ЕХФ потврди: Останува Ф4 турнирот во Лигата на шампионите

32

Завршниот турнир од Лигата на Шампионите во ракомет што беше презакажан за 28 и 29 декември во Келн ќе биде одржан во тој термин, објави денеска ЕХФ ставајќи крај на шпекулациите дека овој настан би можел да биде откажан поради забраната на германските власти за присуство на навивачи на спортските настани.

„Играме ракомет е еден од основните постулати на нашиот спорт. Со оглед на случувањата со коронавирусот, ова може да биде променето во „сакаме да играме“ бидејќи искрено веруваме дека тоа е во најдобар интерес на нашиот спорт и на партнерите со кои соработуваме“, изјави Давид Шлезак, маркетинг-менаџинг директор во ЕХФ.

Европската куќа на ракометот претходно тврдеше дека Ф4 турнирот ќе мора да биде игран без публика, но сега веќе е јасно дека трибините на „Ланксес Арена“ нема да можат да бидат исполнети до последно место.

„Имавме распродадено 97% од билетите, но сега сите тие ќе мора да бидат вратени, а на сопствениците ќе им бидат вратени парите или ќе добијат билети за Ф4 во 2021 година. Во наредниот период ќе имаме интензивна комуникација со градските и државните власти, по што ќе видиме дали воопшто ќе може да има публика на трибините и доколку е тоа случај, во колкав број“, информираат од ЕХФ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.