Димитар Апасиев, професор на Правен факултет при државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип и член на Президиумот на партијата Левица, со два поста на својот профил на „Фејсбук“ уверува дека договорот Заев – Ципрас нема да помине.
„Започна ПАСОКизацијата на СДС(М). #НеПоминува #ЧаоЗаев“, напиша тој прво, а потоа додаде:
„Еј, комуњарчиња… Ве поздрави Киро ГЛИГОРОВ
п.с. На толку ‘специјални советници’, никој да не ти посочи елементарна правна процедура – треба да си опкружен со раскошни некадарници.
#СметкаБезКрчмар
#НеПоминува
#ПАСОКизацијаНаСДС“.