Стилистот Крис Аплтон на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која Џенифер Лопез позира со нова фризура.
Имено, познатата пејачка се одлучила за шишки, и повторно ставила долги екстензии.
Фотографијата веднаш собра скоро 50.000 лајкови, а фановите напишаа бројни комплименти.
https://www.instagram.com/p/CGTNeWyhe93/?utm_source=ig_embed
„Одлично изгледате со шишките“, „Вие навистина не стареете“, „Убава како и секогаш“, „Ми се допаѓа овој изглед“, „Вака изгледате уште помлада“, напишаа тие.