Балканскиот пат останува отворен за нелегалната имиграција затоа што некои земји од регионот не ги преземаат неопходните мерки за ситуацијата да ја држат под контрола. Овие земји кои сакаат да се приклучат кон ЕУ треба да сфатат дека овој пробем, исто така, ги тангира и нив и дека треба да ни помогнат да управуваме со проблемот на миграцијата – изјави еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и граѓани Димитрис Аврамопулос на прес конференција во Брисел.
Албанија и Македонија се транзитни земји за мигрантите пристигнати во Грција, а транзитот потоа продолжува преку Србија и Косово, забележуваат француските медиуми.
Шверцерите со луѓе го открија овој пат и приливот од имигранти станува се поголем, што е основа за загриженост и аларм – подвлече Аврамопулос.
Преку овој пат само во јули во Унгарија пристигнаа 35.000 мигранти и азиланти. Оваа земја е една од најизложените на проблемот, заедно со Грција и Италија. Унгарската Влада побара итна помош од осум милиони евра, што ќе биде испратена веднаш – додаде тој.
Прочитајте повеќе: