ЕК бара објаснување од „Фајзер“ зошто доцнат вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“, поради тоа што испораката на вакцини против коронавирусот повторно се одложува, изјави денеска портпаролот на ЕК.

„Фајзер“ требаше да испорача нови количини вакцини во ЕУ следната недела.

Претходно, компанијата соопшти дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирусот, откако веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.