EK бара објснување од „Johnson&Johnson“ поради одложувањето на испораките на вакцината

Европската комисија најави во вторникот најави дека ќе бара објаснување од американската мултинационална корпорација „Johnson&Johnson“, која најави дека ќе ја одложи испораката на вакцината во Европската унија.

Од „Johnson&Johnson“ ќе објавија дека ќе ја одложи испораката на својата вакцина против коронавирусот за ЕУ, откако американските здравствени агенции препорачаа привремено запирање на вакцинирањето со нивната вакцина. Оваа одлука е донесена откако кај шест жени во САД се развило ретко нарушување ретко нарушување, кое вклучува и крвни згрутчувања кои резултирале со смртен исход и со критична состојба.

Од Европската комисија порачаа дека се во „контакт со оваа компанија за да добијат објаснување за тоа одлука“.

Компанијата „Johnson&Johnson“ објави во вторникот дека ќе го одложи воведувањето на својата вакцина против Covid-19 во ЕУ, како и дека ги преиспитува случаите на создавање крвни згрутчувања по вакцинирањето со европските здравствени тела.

„Безбедноста и благосостојбата на луѓето кои ги користат нашите производи е нашиот главен приоритет“, порачаа од „Johnson&Johnson“ потсетувајќи дека во САД веќе се применети над 6,8 милиони дози од нивната вакцина против коронавирусот откако беше одобрена кон крајот на февруари.

Европската комисија во понеделникот објави дека „Johnson&Johnson“ започнуваат со испораките на вакцината за Европската унија. Компанијата се обврза дека до крајот на јуни во ЕУ ќе испорача 55 милиони дози, а во третиот квартал дополнителни 120 милиони дози, од вакцината чијашто предност е што се дава во една доза, за разлика до конкурентските кои се инјектираат во две дози.