ЕК донесе кризен план доколку пропаднат преговорите со Лондон

Европската комисија (ЕК) објави во четвртокот кризен план кој би го овозможил неопходниот воздушен и патен сообраќај доколку до крајот на годинава не биде постигна договор со Велика Британија за идните трговски односи.

Британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен во средата во текот на работната вечера во Брисел со сеогласија дека договорот треба да биде постигнат до крајот на оваа седмица.

„Преговорите сѐ уште траат. Меѓутоа, имајќи предвид дека крајот на преодниот период е многу блиску, не постои гаранција дека, ако и кога ќе биде постигнат договорот, тој може да стапи на сила навреме“, изјави фон дер Лејен во четвтокот.

Додаде дека Европската комисија мора да се подготви за сите можни случаи, вклучително и завршување на процесот на раздружвуањето без договор за идните односи по истекот на преодниот период на 1-ви јануари 2021 година.

Кризните мерки се состојат од четири уредби. Едната се однесува на основната поврзаност во воздушниот сообраќај, втората на безбедноста на воздушниот сообраќај, а третата на основаната поврзаност во патниот сообреаќај.

Овие уредби би важеле под услов и Велика Британија од своја страна да ги преземе истите мерки. Предложените уредби би биле на сила шест месеци.

Четвртата уредба се однесува на создавањето соодветна правна рамка за рибарите до крајот на 2021 година, што е особено важно прашање за двете страни, или додека не се склучи договор за рирабрењето. Според овај предлог, рибарите би имале право на пристап во територијалните води на другата страна и обратно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.