ЕК: ЕУ е подготвен за брегзит без договор, но Лондон ќе загуби најмногу поради тоа

37

Европската комисија соопшти денеска дека Унијата е подготвена за брегзит без договор и дека од таква варијанта најмногу би загубила Велика Британија.

– Комисијата во овој момент не смета дека е неопходно да се преземаат дополнителни мерки за подоготвка на такво сценарио, изјави портпаролката на ЕК, Наташа Берто.

– Брегзит без договор очигледно ќе направи големи потешкотии како за граѓаните така и за компаниите бидејќи ќе има значително негативни последици на економски план. Тие многу посилно ќе се почувствуваат во Велика Британија отколку во 27-те членки на Европската унија, изјави Берто.

Таа додаде дека претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер смета дека ако се спроведе брегзит без договор, Британците ќе загубат најмногу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.