ЕК ги коментираше разговорите за „Спутник V“ меѓу Меркел, Макрон и Путин

Европската стратегија за вакцинација против коронавирусот успешно се спроведува и вакцините нарачани преку договорите на Европската комисија треба да бидат доволни, изјави во средата портпаролката на Комисијата, Дана Спинант, коментирајќи ги разговорите од вторникот вечерта во врска со руската вакцина „Спутник V“, меѓу челниците на водечките земји во ЕУ, Германија и Франција со претседателот на Русија.

Во текот на заедничката видеоконференција на рускиот претседател Владимир Путин со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, меѓу другите горливи прашања, беше разговарано и за руската вакцината против коронавирусот „Спутник V“.

„Ве повикувам прашањето да им го поставите на челниците на Франција и Германија што точно разгледувале вчера во текот на нивиот разговор со Владимир Путин. Не е во наша надлежност да зборуваме за тоа што било разговарано. Но сметам дека можете да добиете одговор од овие три лидера, кои учествувале во разговорите“, изјавила на брифингот со новинарите во Брисел, портпаролката на ЕК.

Одговарајќи на новинарски прашања колку е успешна кампањата за вакцинација во Европската унија, ако водечките европски челници разговараат за прашањето на вакцинацијата со Русија, портпаролката на ЕК истакнала дека се реализира европската кампања за имунизација.

„Имплементацијата на европската стратегија за вакцинацијата е во фаза на реализација. ЕУ има широко портфолио на вакцини, што ќе бидат доволни за вакцинирање на целата популација во Унијата. Ова портфолио се базира на вакцините развиени со различни технологии“, потсети Спинант.

Во ЕУ се надеваат дека ќе добијат 2,6 милијарди дози вакцини одобрени за употреба преку централизираната постапка до крајот на годинава, додаде портпаролката на Комисијата.

„Сите во Европа прават сѐ што е потребно за да се забрза снабдувањето со вакцините, веруваме дека стратегијата на вакцинацијата во ЕУ ќе има успех“, изрази увереност Спинант.

Спинант, исто така, изјави дека Европската унија дека до крајот на март требало да добие 107 милиони дози од вакцината, што е помалку од претходно планираното количество.

Вакцината „Спутник V“ е регистрирана во 59 земји во светот, со вкупно население од над 1,4 милијарди луѓе. Ефикасноста на вакцината изнесува 91,6 отсто, потврдено во независно научно истражување објавено во престижното списание The Lancet.

На 4-ти март, Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека започнува со постапката за последователно испитување на вакцината „Спутник V“. Според предвидувањато на регулаторот во ЕУ, регистрацијата на препаратот би можело да заврши до крајот на мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.