ЕК ги обедини Косово и Албанија

Европската комисија во распоредот на активности кои ќе ги спроведат комесарите во текот на неделава ги „обедини“ Косово и Албанија, пишува „Коха Диторе“.

Имено, во овој распоред на активности се наведува дека Комесарот за дигитална економија, Марија Габриел, ќе ја посети „Приштина, Албанија, на 12-ти октомври“.

Подолу во распоредот е напишано со кои официјални лица во Приштина, која е сместена во Албанија, ќе се сретне Габриел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.