ЕК го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска

Европска комисија денеска го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска.

Портпаролот на ЕК истакна дека очекува шведските власти да ги преземат неопходните мерки во овој случај.

– Ваквите постапки се некомпатибилни со вредностите на кои е заснована ЕУ. Претходно изјавивме дека расизмот, ксенофобијата, омразата заснована на вера, раса и боја на кожа немаат место во ЕУ, истакна портпаролот на ЕК.

Поради палењето на куранот во Стокхолм, Турција најави дека ќе поднесе тужби пред меѓународните судови. Исто така, Анкара соопшти дека поради инцидентот откажана е посета на шведскиот министер за одбрана на Турција.