ЕК го предложи планот „ЕУ на следната генерација“

41

Европската комисија ја предложи во средата Повеќегодишната финансиска рамка (VFO) во износ од 1.100 милијарди евра и инструмент за закрепнување на економиите погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот во износ од 750 милијарди евра наречен „ЕУ на следната генерација“.

Инструментот се состои од 500 милијарди евра неповратна помош за најтешко погодените држави членки на Европската унија и секторите, како и 250 милијарди евра коишто ќе се доделуваат како поволни заеми. Така, вкупно за повеќегодишниот буџет за периодот 2021 – 2027 година и за инструментот за заздравување и отпорност се предлагаат 1.850 милијарди евра.

Претходно во април беа договорени три сигурносни мрежи во обем од 540 милијарди евра. Од тоа 100 милијарди евра за поддршка на програмата за зачувување на работните места позната како SURE, 240 милијарди евра кредитна линија во Европскиот стабилизациски механизам (ESM) и 200 милијарди евра во гаранцискиот фонд на Европската инвестициска банка за поддршка на малите и средни претпријатија.

Вкупниот износ од трите сигурносни мерки, VFO и инструментот за закрепнување, достигнува речиси 2.400 милијарди евра. Целата сума, освен 240 милијарди евра од кредитната линија на ESM, кој е наменет за членките на еврозоната, им е на располагање на сите земји членки на Европската унија.

„Планот за опоравување се претвора во голем предизвик со кој се соочуваме во околностите, не само со поддржување на закрепнувањето, туку и со вложување во нашата иднина: Европскиот зелен договор и дигитализацијата ќе поттикнат создавање нови работни места и раст, отпорност на нашите држави, здравјето и нашата околина. Ова е моментот на Европа“, истакна во својот говор во Европскиот парламент претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Предложениот пакет мерки за опоравување ќе се состои од два дела: повеќегодишниот буџет за периодот од 2021 до 2027 година и инструментот за закрепнување кој ќе се финансира со задолжување на пазарите на капиталот со гаранција на државите членки. Клучниот дел од предлогот е подигнување на горната граница на сопствените средства на буџетот на ЕУ, односно буџетските приходи. Станува збор за највисокиот можен износ на придонеси кои може да се бараат од земјите членки за полнење на буџетот на Унијата.

Во практиката, договорениот износ на VFO секогаш е помал од највисоката горна граница. Во моментов на сила е одлуката за највисоката горна граница од 1,23 отсто од бруто домашниот производ (БДП), додека VFO за периодот од 2014 до 2020 година беше договорен во висина од 1 отсто од БДП-то. Оваа разликла меѓу износот на VFO и горната граница на сопствените приходи ќе ѝ послужи на ЕК како гаранција за задолжување на пазарите на капиталот, односно за воспоставување инструмент за заздравување и отпорност. Комисијата сега предлага горната граница на сопствените приходи да се подигне на 2 отсто од БДП, а VFO во висина од околу 1,08 отсто.

Позајмените средства би требало да започне да се враќаат по 2028 година, почнувајќи од следнито седумгодишен биџет на ЕУ, а целата позајмена сума би требало да биде отплатена до 2058 година, бидејќи ќе се оди на обврзници со максимален рок на доспевање од 30 години.

За исплатата на долгот постојат само три начина: да се зголемат придонесите на земјите членки во буџетот на ЕУ, да се намалат буџетските расходи или да се воведат нови даноци на ниво на Унијата. Европската комисија ја предлага третата опција, односно воведување нови буџетски приходи преку нови даноци.

Одлуката за подигнување на горниот лимит на сопствените приходи мора да ја ратификуваат парламентите на сите земји членки. Комисијата истакна дека целта е постапката на ратификација да доврши до крајот на годинава, за од 1-ви јануари 2021 година да може да започне со позајмување пари и да ги проследува низ програмите на VFO на земјите членки. Тоа значи дека овие средства нема да бидат достапни пред почетокот на следната година. Имајќи ја предвид тежината на ситуацијата и интензитетот на шокот кој економијата го доживеа поради пандемијата, ЕК предлага решение со коешто овој проблем би бил премостен така што сегашната VFO за периодот од 2014 до 2020 ќе се зголеми за 11,5 милијарди евра.

Имајќи предвид дека тоа е зголемување под горната граница на сопствените приходи, за тоа не е потребна ратификација во земјите членки, туку само едногласна одлука на државите членки и согласност на Европскиот парламент.

Во ЕК веруваат дека тоа е можно да се направи до 1-ви септември, што би значело дека дополнителните средства ќе бидат достапни веќе во трите последни месеца од годинава. Зголемувањето на сегашната VFO би одело главно за зголемување на кохезиските средства и за поддршка на солвентноста на претпријатијата.

За да добијат поддршка од инструментот, државите членки треба да осмислат сопствена инвестициска и реформска програма, којашто потоа ја оценува ЕК. Ќе се бара овие програми да бидат на линија на приоритетите коишто ЕУ ги постави, како што се зелената и дигиталната транзиција. Програмите мора да бидат компатибилни со целите на Европскиот семестар и климатските и енергетски цели. Парите може да почне да се исплаќаат кога програмите ќе се договорат со ЕК и кога ќе ја минат постапката за нивно усвојување.

Освен инструментот за заздравување и отпорност на располагање ќе биде и прграмата ReactEU, како додаток на кохезиската рамка и на програмата за праведно закрепнување, рурален развој и меганизмот за праведна транзиција.

Средствата од програмата „ЕУ на следната генерација“ ќе се инвестираат во три области.

Прва е поддршката на земјите членки во инвестициите и реформите. Самиот инструмент за закрепнување и отпорност би располагал со 560 милијарди евра, од што 310 милијарди неповратни средства и 250 милијарди евра заем. Овие средства се наменети за сите членки, но најголем дел би добиле оние чиишто економии најмногу се погодени и на кои најмногу им е потребно јакнење на отпорноста. Со износ од 55 милијарди евра би се зајакнале кохезиските средства од VFO и тоа би требало да се искористат до 2022 година. Станува збор за нова ReactEU иницијатива од која критериумите за распоредување на средствата ќе тежината на социјално-економските последици од кризата, вклучително и невработеноста на младите и релативното богатство на земјите членки. За Фондот за праведна транзиција се предвидени 40 милијарди евра, кои се наменети за забрзување на преминот на климатски-неутрално стопанство. Европскиот фонд за земјоделство и рурален развој ќе биде зајакнат со допполнителни 15 милијарди евра.

Втората област подразбира покренување на стопанствата со поттикнување на приватните инвестиции. Тоа вклучува нов инструмент за поддршка на солвентноста на европските компании во секторите, регионите и државите кои најмногу се погодени од кризата. Буџетот од овој инструмент би изнесувал 31 милијарда евра, со кој би требало да се мобилизираат 300 милијарди евра во инвестиции. Дополнителната програма InvestEU би трабало да има 15,3 милијарди евра, со коишто би се мобилизирале приватните инвестици во проекти ширум ЕУ. ЕК предлага и нов инструмент за стратешки инвестиции, кој би требало да поттикне вложувања до 150 милијарди евра во јакнење на отпорноста во стратешките сектори, особено оние кои се поврзани со зелената и дигиталната транзиција.

Третата област се однесува на засебната здравствена програма со буџет од 9,4 милијарди евра коишто би требало да ја подготват ЕУ да биде поподготвена за можна следна здравствена криза. Во рамките на оваа област е две милијарди евра за јакнење на механизмот за цивилна заштита, потоа 94,4 милијарди евра за истражување во сферата на здравството, за јакнење на отпорноста и за зелената и дигиталната транзиција. Тука спаѓаат и дополнителните 16,5 милијарди евра за надворешно делување, вклучително и хуманитарна помош.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претходно во средата најви дека на 19-ти јуни ќе се одржи физички самит на ЕУ на кој ќе биде направен обид да се договори новиот повеќегодишен буџет и планот за опоравување. За да минат предлозите на Европската комисија, мора да добијат едногласна согласност од сите држави членки и согласност од Европскиот парламент.

„Ова претставува важен чекор во процесот на носење на одлуката. Тоа прашање ќе го разгледуваме на редовниот Европски совет на 19-ти јуни. Треба да се стори сѐ за да дојдеме до договор пред летната пауза“, изјави Мишел. Ги повика земјите членки „брзо да ги проучат предлозите на ЕК и конструктивно да работат на компромисот во најдобриот интерес на Унијата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.