Европската комисија ги одобрила плановите за реконструкција на најголемите словенечки банки, бидејќи на тој начин ќе станат оддржливи на долг рок без непотребното нарушување на пазарната конкуренција.
„Оваа одлука ќе ја зајакне довербата во словенечките банки. По резултатите за проверка на квалитетот на имотот и стрес тестовите, реконструирањето и наведените мерки ќе овозможат словенечката економија да смета на оддржлив и здрав банкарски сектор“, рекол потпретседателот на ЕК, задолжен за политика на конкурентност, Хоакин Алмуни.
Словенечкиот претседател, Борут Пахор, се заложил за комплетно излегување на државата од сопственоста во трите најголеми домашни банки наложувајќи меѓународна помош во утврдување на вината за лошата состојба во словенечките банки.