ЕК ја повика Романија да го почитува владеењето на правото

Европската комисија повторно во вторникот ја повика владата на Романија да го почитува владеењето на правото пред преземањето на претседателствувањето со Европската унија од 1-ви јануари 2019 година, во дискусијата во Европскиот парламент со романскиот претседател Клаус Иоанис.

„Сакам Романија да му пристапи на шенгенскиот простор, но то не смее да го загрози свртувајќи им грб на принципите на владеењето на правото…. Салан во Романија да биде постигнат консензус за борба против корупцијата, или Европската комисија тешко ќе донесе одлука за своите препораки и ќе постигне едногласно да бидат усвоени“, предупреди претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер по говорот на романскиот претседател Клаус Иоанис пред европските пратеници на пленарната седница во Стразбур.

За простапувањето на шенгенскиот простор неопходна е препораката од Европската комисија и согласност на земјите членки. Кандидатурите на Романија и на Бугарија се блокирани уште од 2007 година.

Европратениците од претседателот на Романија во вторникот побараа да интервенира за да се спречи удар врз владеењето на правото поради реформите на правосудството коишто ги спроведува социјалдемократската влада водена од премиерката Виорица Данчила.

„Многу сме загрижени поради контроверзните реформи кои ги поткопуваат правосудството и го слабеат кривичниот законик, кои ја поткопуваат борбата против корупцијата. Ве повикувам да не го следите примерот на земјите како што се Полска и Унгарија кои тргнаа на патот на автократијата“, изјави претседателот на пратеничката група на либералите ALDE, Ги Верхофштад.

Претставникот на социјалистите Јозеф Вејнденхолцер порача оти се „надева дека ќе се ангажира“ во таа насока романскиот претседател. „Владата мина повеќе црвени линии кога станува збор за вредностите и мора да ја промени насоката“, изјави Манфред Вебер, челник на пратеничката група на Европската народна партија (EPP)/

„И натаму ќе работам на тоа да обезбедам правната држава да биде сочувана“, им вети романскиот претседател Иоанис.

Романската премиерка Данчила пред европратениците во Стразбур имаше свое обраќање на почетокот од октомври кога вети дека ќе ги земе предвид нивните препораки.

Европската комисија ја следи ситуацијата во романското правосудство од 2007 година, кога земјат стана членка на Европскат унија. Но според забелешките на Брисел ситуацијата во оваа сфера во Романија уште повеќе се влошува. Комисијата во ноември треба да ги објави своите препораки. Европскиот парламент, пак, ќе гласа за ив на пленарната седниа којашто ќе се одржува од 12-ти до 15-ти ноември.