ЕК ја прекори Италија за „незапаметено“ кршење на правилата за буџетот

229
италијанскиот министер за финасии Џовани Триа и еврокомесарот Пјер Московиси

Европската комисија (ЕК), во писмо до владата на Италија во четвртокот го предупредува Рим дека планира „незапаметено“ кршење на прописите на еврозоната за составувањето на буџетот.

Европскиот комесар за економија, Пјер Московиси, планираното отстапување од целите за регулирање на долгот и дефицитот ги оцени како „незапаметени во историјата на Договорот за стабилноста и растот“. Овој Договор, инаку, претставува правилник за составување на буџетите во земјите кои се во зоната на единствената валута.

Буџетот на Италија за 2019 година е контроверзен поради тоа што се потпира на големо зголемување на дефицитот, и покрај фактот дека долговите на Италија се меѓу највисоките во светот, изнесувајќи 130 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Владата во Рим планира за следната година буџетски дефицит во висина од 2,4 отсто, што е значително под европскиот максимум од 3 отсто, иако е значително поголем од годинешниот планиран дефицит од 1,8 отсто. Буџетот за 2019-та ги поттикнува вложувањата во социјалната заштита, ја намалува возраста за заминување во пензија и ги зголемува трошоците кои го зголемуваат дефицитот. Владејачката коалиција составена од партијата од суверенистичката крајна десна партија Лига и евроскептичното и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди, објави дека нивниот голем план за потрошувачката страна е потребен за да се поттикне растот и да се намали растечката сиромаштија во Италија, којашто е третата економија според обемот но воедно меѓу најбавно растечките во Еврозоната.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте порача дека критицизмот од страна на Европската унија „не би требало да ги загрижува“ Италијанците, како и дека се подготвени да го бранат „добро осмислениот, добро структурираниот и остварлив буџет“. Конте додаде дека отстапувањето на италијанскиот буџет од фискалните цели на ЕУ „не се големи“. Порача дека неговата влада разговара за агенциите за кредитни рејтинзи, како и оти се надева дека уривањето на италијанскиот долг може да се избегне во текот на анализита на финансиите на земјата коишто ќе ги спроведуваат агенциите Moody и Standard&Poors.

Московиси, пак, бара од италијанскиот министер за економија Џовани Триа, да одговори на писмото од четвртокот до 22-ри октомври, додека 31-ви октомври е крајниот рок до кога Европската комисија ќе ја даде конечната процена за италијанскиот буџет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.