ЕК најави 200 милиони евра инвестиции во европскиот вселенски сектор

Европската комисија (ЕК) денеска потврди дека ќе исплати преоден кредит за Грција

Европската комисија денеска најави 200 милиони евра инвестиции заедно со Европската инвестициска банка за европскиот вселенски сектор.

Низа проекти и финансии ќе бидат склучени во текот на Европската конференција за вселенска политика што се одржува во Брисел денес и утре, со цел да се поддржат иновативните проекти во вселенската област.

-Нашата посветеност кон вселенското истражување и иновација ја отсликува нашата амбиција да ја сместиме Европа на чело на развојот на вселенската технологија, изјави еврокомесарката за иновација, Марија Габриел.

Инвестицијата од 200 милиони евра се состои од два столба. Едниот е договор за заем помеѓу Европската инвестициска банка и АрианГруп сто милиони евра за развојот на програмата на новата ракета Ариан 6.

Дополнително, Комисијата и Европскиот инвестициски фонд го најавија првиот технолошки фонд фокусиран на вселенскиот сектор и сто милиони евра за програмата ИновФин чија цел е специфична поддршка за растот и иновацијата на малите и средни претпријатија кои работат во вселенскиот сектор.

-Овие најави претставуваа огромна промена за Европа во поддршката на Европската вселенска индустрија.

Комесарот за индустрија изјави дека “топло го поздравува“ заемот на Европската инвестициска банка за проектот Ариан 6, кој е централен за гарантирање на автономен европски пристап до вселената.

-Второ со ИновФин испраќаме јасен сигнал  дека вселенскиот бизнис во Европа е атрактивна прилика, ова е клучна иницијатива за развојот на европските вселенски стартапи, изјави еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон.