ЕК: Околу 20.000 млади луѓе ќе патуваат низ Европа на сметка на ЕУ

Речиси 95.000 млади луѓе се пријавиле за бесплатно патување за запознавање со Европа, соопшти Европската комисија. Беа избрани околу 20.000 кандидати на возраст од 18 години и тие ќе може да патуваат меѓу 1 август 2019 и 31 јануари 2020 година, за рок од 30 денови, на сметка на буџетот на ЕУ.
Избраните ќе можат да патуваат поединечно или во групи од пет лица. Повеќето од нив ќе прават обиколка со воз.
Минатата година, ЕУ издвои 12 милиони евра од својот буџет за патување на околу 30.000 млади луѓе. За оваа година, буџетот изнесува 16 милиони евра.
Ако институциите на ЕУ го одобрат целосно предлогот на Комисијата од 2021 до 2027 година, уште 1.5 милиони млади луѓе на 18 години ќе можат патуваат бесплатно според истата програма.