ЕК покренува постапка против Кипар и Малта за „златните пасоши“, опомената и Бугарија

Европската комисија донесе одлука да започне постапка против Малта и Кипар поради давање државјанства во замена за депонирање големи суми или вложувања на лица кои инаку не би имале право на нивни пасоши како членки на Европската унија.

Европската комисија испрати официјална опомена за Малта и Кипар, што е прв чекор во покренувањето на постапката поради повреда на правото не Европската унија. Двете земји имаат два месеца за одоговор, а доколку одговорот не е задоволувачки, Комисијата може да издаде образложено мислење, што е втор чекор во постапката која може да заврши со тужба пред Судот на ЕУ.

Европската комисија, исто така, упатила уште едно писмо за Бугарија во коешто изразува загриженоста поради програмата на оваа земја којашто предвидува доделување државјанство во замена за инвестиции и бара од Софија дополнителни поединости. Бугарската влада има рок од еден месец да договори на писмото во кое се бараат дополнителни појаснувања за програмата.

Богати странци со години наназад може да добијат државјанство, таканаречен „златен пасош“, од некои земји членки на Европската унија во замена за однапред одредена сума пари или за инвестиции. Овие „златни пасоши“ им овозможуваат на нивните носители престој во сите земји членки на ЕУ, каде што може да инвестираат и да развиваат дејности, може да гласаат и да бидат кандидати на избори. Меѓу тие лица има и криминалци, кои на тој начин може да ги перат нелегално стекнатите пари или да затајуваат данок.

„Европската комисија смета дека одобрувањето на државјанства на овие земји членки, следствено државјанства на ЕУ, во замена за однапред одредена сума или инвестиција, на лица кои немаат вистинска врска со овие држави, не е во согласност со принципот на искрената соработка, според членот 4 (3) од Договорот за Европската унија. Тоа, исто така, го поткопува интегритетот на државјанството на ЕУ според членот 20 од Договрот за функционирање на Европската унија“, се наведува во соопштението на Комисијата.

Доделувањето на државјанства е во надележност на земјите членки, но тоа има импликации за целата ЕУ, бидејќи тие лица автоматски стануваат државјани на Унијата, што им ги давата сите права кои од тоа произлегуваат: слобода на движењето, престој и работа во сите земји членки.

Европската комисија долго бараше правна основа врз основа на којашто би можела да реагира на таа практика. Еврокомесарот за правосудство Дидие Рејндерс во интервјутео за белгискиот дневен весник Le Soir дека споменатите земји му ветиле „постепено напуштање“ на ваквата практика, но во меѓувреме тоа не „спречило доделување државјанства на илјадници лица“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.