ЕК покренува постапка против Лондон поради кршење на договорот за раздружувањето

Европската комисија (ЕК) покрена во четвртокот постапка против Велика Британија поради кршење на договор за истапувањето од Европската комисија.

Европската комисија на владата во Лондон ѝ испратила писмо, што е прв чекор во постапката поради повредата на правата на Европската унија. Обединететото Кралство за одговор има рок од еден месец. Доколку не биде задоволна од него, ЕК може да испрати образложено мислење и доколку проблемот не биде решен да поднесе тужба пред Судот на ЕУ.

Долниот дом на британскиот парламент го потврди во вторникот нацрт-законот кој ги доведува во прашање некои обврски со Обединетото Кралство од договорот за раздружување со ЕУ, и покрај заканата со тужба од Брисели и несогласувањата во самата владејачка Конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон.

Според договорот меѓу Лондон и Брисел за раздружувањето, двете страни мора да преземат соодветни мерки за да го обезбедат исполнувањето на обврските кои произлегуваат од него.

Со носењето на спорниот закон „Обединетото Кралство ја прекршило својата обврска да дејстува во добра волја, како што е предвидено во членот 5 од договорот за раздружувањето. Поради тоа, ЕК покренува постапка за повреда на правата на Унијата во согласност со одредбите од договорот за раздружувањето“, објави во писмена изјава преседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Со спорниот закон се менува протоколот за царинските аранжмани за Северна Ирска, што беше едно од најтешките прашања во преговорите за раздружувањето. Поради тие најави особено е загрижена Ирска, која единствена има копнена граница со Обединетото Кралство, односно со неговата покраина Северна Ирска која исто така е загрижена.

Договорот за раздружувањето стапи на сила на 1-ви февруари 2020 година и неговиот клучен дел е протоколот за Ирска/Северна Ирска чија цел е заштитата на мирот и стабилноста на островот.

Истовремено во оваа седмица во Брисел се одржува последниот круг од преговорите за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија, кој досега не резултираа со никаков напредок. Имајќи предвид дека последниот ден од годинава истакува преодниот период во текот на кој Британија се третира како членка на ЕУ но без право на одлучување, има сѐ помалку време за нов договор. Без договор за идните односи би се случило нагло прекиување на врските кои се создавани во текот на британското членство од 1973 година.