ЕК: Полска и Унгарија не оствариле напредок во владеењето на правото

Полска и Унгарија не напредувале во прашањето на владеењето на правото, изајви во средата на пленарната седница на Европскиот парламентото еврокомосарката за вредноста и транспарентност Вера Јурова.

„Жал ми е што денеска не можам да известам за позитивни напредување поврзасни со постапувањето по чекнот 7“, изјави Јурова.

Европската комисија води постапка според членот 7 од Договорот за ЕУ, против Унгарија и Полска, проади наводно загрозување на европските вредности.

„Ситауцијата на теренот не се променила неопходно“, ги извести Јурова европарламентарците на сослушувањето со Полска и Унгарија.

Највисокиот Судот на ЕУ кон средината на февраури ги отфрли тужбите на Полска и Унгарија поротив воведувањето на европскиот механизам кој предвидува запирање на исплатите на парите од европските фондови поради нарушување на владеењето на правото.

Брисел го воспостави споменатиот механизам за да ги критикува владите во Будимпешта и Варшава за наводно кршење на владеењето на правото кое е на сила во ЕУ.

Оваа пресуда е без преседан и се смета за историска за да служи за идни постапки за парично казнување на државите членки на ЕУ кои би го кршеле принципот на владеење на правото, како што се на пример, мешњато и влијанието на владата врз правосудството. Но во ЕУ има забелешки што некои земји членки никогаш не се ниту критикувани на оваа тема и покрај очигледните нарушувања на таквите принципи.

Варшава и Будимпешта поднесоа поединечни тужби во Судот на Европската унија во кои бараа да се поништи таквата Уредба, тврдејќи дека тоа е спротивна на Договорот за ЕУ. Нивното побивање, меѓу другите причини, се темели на непостоењето или несоодветноста на правна основа на одбрана од Уредбата, нејзината неусогласеност со Договорото за ЕУ.

На Унгарија и Полска сѐ уште не им е одобрен национален план за закрепнување и отпорност, иако уште пред неколку месеци ги предале своите планови во Европската комисија. Според одредбата на Брисел за закрепнувње и отпорност, Полска требаше да добие 36 милијарди евра, а Унгарија 7 милијарди евра, а тие средства веќе беа замрзнати.

Поради таквите потези на Брисел, двете земји првично го блокираа носењето на планот за закрепнување на ЕУ од пандемиската криза, но на крајот компромисно се согласија на одложување за примената на механизмот за условеноста од пресудата на Судот на ЕУ.

Варшава и Будимпешта порачуваат дека приговорите на Европската комисија се идеолошки мотивирани и дека задираат во државниот суверенитет.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен најави во вторникот дека Комисијата ќе покрене постапка против Унгарија во рамките на новиот механизам според кој користењето на средатвата од европските фондови се условува со почитување на владеењето на правото. Рече и дека ЕК ја следела процедурата и ѝ упатила на Унгарија прашалник и дека по добеините одговори заклучено е дека „мора да се оди подалеку“.

„Ѝ испративме прашалник на Унгарија. Тие одговорија и ние внимателно го проучивме и нашиот заклочок е дека требна да тргнеме подалеки, во следниот чекор“, реле фон дер Лејен.

За Полска, пак, рече дека мора да го реши прашањето на реформата на правосудството доколку сака да ги добие средствата од Фондот за закрепнување и отпорност на ЕУ.

„Полска мора да ја укине дисциплинската комисија (при Врховниот суд) и да ги врати судиите кои се отпуштени од работа спротивно на закното. Тоа е с’ржат на пресудата на Европскиот суд на правдата“, порача фон дер Лејен.

Во дискусијата за сослушувањето во однос на Полска и Унгарија, Јеорен Ленаерс во името на Европската народна партија (EPP), ја повика Комисијата да „виде цврста“, додека пратениците на социјалдеморкатите, зелените и либералната пратеничка група Renew Europe, главно бараа посотри мерки против двете земји.

„Моќеби е време да започнеме да зборуваме за санкции“, изјави пратеничката на Зелените, Гвендолине Делбос-Крифиелд.

Пратениците од десницата ги отфрлија обвинувањата на сметка на Варшава и Будимпешта, и истакнаа дека е лицемерно во овој момент да бидат критикувани двете земји кои примиле милиони украински бегалци.

„Можеби имате повеќе пари, но го немата она што ѝ е потребно на Европа. Не сте во состојба ништо да жртвувате за да ја одбраните добрата страна. Размислувањет за санкции коишто би ги наметлале на Полска наместо да ѝ ги наметнета на Русија“, изјави полскиот конзервативец Патрик Јаки.