ЕК потврди дека Холандија бара повторно воведување визи за Албанија

Европската комисија во понеделникот потврди дека од Холандија добила известување дека сака суспендирање на безвизниот режим за државјаните на Албанија.

Иницијативата за укинување на безвизниот режим за албанските државјани од владата на Холандија ја побарале пратеници во тамошниот парламент со образложението дека „значително е зголемена криминалната активност на албанската мафија во Холандија, која ја злоупотребува слободата на патувањеата без визи за ширење на својата криумчарска мрежа“.

Портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто потврди дека примиле официјално известување со таква барање, како и дека сега „внимателно ќе ја проучат и со своиата анализа ќе ги запознаат Советот и Парламентот на ЕУ“.

Ова е првпат за едена земја од западен Балкан да се бара повторно воведување визи. Европската комисија по добивањето известување од некоја земја членка е должна да направи темелна анализа и да предложи решение. Конечната одлука ја носаст Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Холандското барање доаѓа во времето кога земјите членки треба да одлучуваат што да се прави со препоракатана Европската комисија со Македонија и со Албанија да се отворат пристапните преговори. ЕК минатата седмица во својот извештај за напредокот препорача отворање преговори со двете земји, заклучувајќи дека и двете ги искористиле критериумите кои се бараат за тој чекор. Токму Холандија, заедно со Франција и Данска а во последно време и водечкиот партнер во коалициската влада на Германија, најмногу се противи на секакви чекори за натамошно проширување на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.