ЕК преговорa со шеста фармацевтска компанија за вакцина против Ковид-19

Европската Комисија соопшти денес дека портфолиото за вакцини е комплетирано по заклучувањето на преговори со фирмата БиоНТех-Фајзер, јави дописничката на МИА од Брисел.

Договорот со оваа компанија доаѓа по пет други со следните фармацевтски компании: Санофи-ГСК, Џонсон и Џонсон, Кјур Вак, Модерна и Астра Зенека.

За Европската Комисија склучувањето договори со повеќе компании овозможува разновидност и конкурентност во трката по вакцина против коронавирусот.

-Можниот договор со БиоНТех-Фајзер би им овозможил на сите ЕУ земји членки да ја купат вакцината како и да се донира на земји со низок или среден приход или да се пренасочи кон европски земји, соопшти Европската Комисија.