ЕК препорача отворање на преговорите со Македонија

618

Европската комисија даде во вторникот му препорача на Советот на Европа да ги започне преговорите со Република Македонија, откако извештајот со листата препораки во Брисел го презентираа високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

„Земјите од Западен Балкан уште во февруари ја потврдија посветеноста… Комисијата го препозна напредокот на Македонија и на Албанија и порача отворање на преговорите, истовремено посочувајќи што уште треба да се направи. Двете земји имаат направено многу, ако тие испорачаат и ние мора да возвратиме. Честитки до нашите партнери за успешната работа. Но, како и секогаш немаме време да славиме, некогаш може да зборуваме за речиси готово, но далеку сме од тоа“, рече еврокомесарот Хан на прес-конференцијата во Брисел при претставување на извештаите.

Како што посочи, целокупниот извештај можеби е критички настроени, но е позитивен.

„Сакам да потенцирам дека не постојат покуси патишта до Европската унија. Целиот процес е заснован на заслуги, секој што побргу ќе си ја заврши работата мора да биде награден. Исто така, сакам да нагласам дека проширувањето на ЕУ не е награда за нашите партнери, туку дека тоа е и изворен интерес на ЕУ е стабилноста“, додаде Хан.

Могерини од створја страна, пак, порача дека Западен Балкан е дел од Европа и ќе биде дел од ЕУ. Порача дека тоа ќе биде силна и обединета Европска унија.

По прес-конференцијата во Брисел која се пренесуваше во живо во ЕУ инфо центарот во Скопје, пред македонските медиуми се обрати и евроамбасадоот амбасадорот, Самуел Жбогар, кој се осврна на извештајот и ја поздрави стратегијата за реформи во администрацијата, за каде што рече ЕУ бара итни реформи. Станува збор за правосудниот систем за кој оцени дека има достигнато одредено ниво на напредок, како дека земјата има развиено нова и кредибилна стратегија за реформа во правосудството и тие треба да се спроведат.

„Прашањето со името е дефинирано како нешто што треба итно да се реши односно да се работи на тоа. Во таа насока преименувањата на аеродромот и автопатот беа спомнати како мерки за градење на доверба“, рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање како ЕУ планира да ни испорача нешто како одговор за резултатите од реформите ако тука е спорот со името.

Порача да не се брза, да се види што ќе се случува во наредните месеци, на Самитот во Софија и непосредно пред одлучувањето на Советот на Европа за отворање на преговорите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.