Европската комисија се зазема за формирање на специјален суд за казнување на „руските воени злосторства“ во украинската војна и користење на замрзнатите руски средства за обновување на Украина, што во моментов е спротивно на законите.
„Русија мора да плати за своите одвратни злосторства. Ќе работиме со Меѓународниот кривичен суд и ќе помогнеме во воспоставувањето специјален суд за судење за руските злосторства“, објави на Twitter претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен.
„Ќе обезбедиме со нашите партнери Русија да плати за разорувањата коишто ги предизвика, со замрзнатите средства на олигарсите и капиталите на нејзината централна банка“, се заканува фон дер Лејен без натамошни појаснувања.