Вработен во ЕК се самоубил на работното место: Што е причината?

Вработен во ЕК се самоубил на работното место. Службеник на Европската комисија во петокот се самоубил на своето работно место. Веста се појави на сајтот на „Њу Јуроп“ и денеска беше потврдена на прес-конференција на портпаролот на комисијата.

Според сајтот станува збор за Готје Пиеренс, одличен и доверлив адвокат во ЕК, кој извршил самоубиство во петокот на 4-ти декември. Тој скокнал од прозорецот на неговата канцеларија на вториот кат.

Заега не се познати причините за самоубиството, но „Њу Јуроп“ повикувајќи се на изјави на колегите на Пиеренс пишува дека тој очекувал унапредување по две децении работа, но наместо тоа бил ставен на многу пониска позиција.

Според истите извори, Пиеренс бил сосема бескомпромисен и чист во извршувањето на задачите, а несакал ниту да ги направи оние „компромиси“ што се барале од него за понатамошно унапредување.

Како заменик – шеф на единицaта, тој се спротивставувал на политичките компромиси што биле предложени од „силна земја членка“ во однос на обезбедување концесија за автопатите. Поради ова тој бил ставен на функцијата чиновник во вселенската единица на ДГ Гроу каде се работи на лансирањето ан сателитите Галилео.

Нешто по 10 часот во петокот тој бил во неговата канцеларија заедно со неговиот асистент и очекувал неговата шефица да го заврши состанокот и заедно да одат кај заменик генералниот директор на друг состанок. Кога излегол од состанокот, тој се упатил во неговата канцеларија, ја заклучил вратата зад себе. Неговиот асистент сфатил што сака да направи, односно дека се качил на прозорецот и затоа почнал да вика:

Не, Готје, немој да го правиш тоа…

Неколку мига потоа Пиеренс скокнал и му ставил крај на својот живот. Европската Комисија веднаш била мобилизирана. Неговата директорка не и дозволила на белгиската полиција да го информира неговото семејство, туку самата го сторила тоа.

На пресконференцијата, портпаролот одби да даде каков било коментар за случајот.