ЕК: Се уште немаме официјално барање и образложение од Лондон за одлагање на брегзит

18

ЕУ се уште нема добиено официјално барање од Лондон за одложување на брегзит и се уште се подготвува за излез на Велика Британија на 31 октомври, соопшти Европската комисија.

– Се додека немаме официјално барање, ние не го разгледуваме прашањето. Очекуваме да добиеме конкретни предлози за да можеме да разговараме, рече портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева.

ЕК наведува дека покрај официјалното барање, Велика Британија мора да даде веродостојно образложение или валидна причина зошто се бара одложување.

– Ако добиеме формално барање за продолжување тогаш на ЕУ е да се договорат едногласно за тоа. Секое такво барање мора да има добро оправдување истовремено, вели Андреева.

Од ЕК велат декатековната работна претпоставка на ЕУ е дека Брегзит ќе се случи на 31 октомври, како што се бара според Договорот за повлекување.

Исто така додава дека без оглед на домашните случувања во Велика Британија, премиерот Борис Џонсон останува главен соговорник со ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.