ЕК утврдила судир на интереси кај чешкиот премиер Бабиш

42

Европската комисија утврдила дека во случајот на чешкиот премиер Андреј Бабиш има судир на интереси поради неговото деловно царство кое е предадено на управување на фондации, па неговата држава поради тоа би моќела да загуби дел од европските средства, пишува во петокот прашкиот весник Hospodarske noviny.

Човекот кого го споредуваат со американскиот претседател Доналд Трамп поради деловниот бекграунд и против естаблишмент програмата, Андреј Бабиш успеа да ја одржи популарноста и покрај обвинувањата дека наводно незаконски земал два милиона евра субвенции од Европската унија за неговата земјоделско-прехранбена империја „Agrofert“ која е проценето на четири милијарди американски долари и го прави вториот најбогат човек во Чешка.

Заклучоците на Европската комисија, доколку бидат потврдени, би можело да значи дека Чешка ќе загуби дел од средствата исплатени во земјоделието, во хемискиот, прехранбениот, медиумскиот и здравствениот сектор исплатени од почетокот на 2018 година, се наведува во текстот на Hospodarske noviny.

Ваквата одлука би претставувала и политички удар за Бабиш, кој ги отфрла обвинувањата дека сторил какво и да е нарушување на прописите. Со неа би се оневозможило натамошно добивање средства во компаниите кои некогаш биле во негова сопственост, но кои се ставени под управа на фондации која ја презема премиерската должност.

Претставниците на Европската комисија сѐ уште на го коментирале написот, а чешкиот премиер порача дека не се согласува со ваквиот став на ова тело на Европската унија.

„Ова е само прелиминиран извештај кој ќе биде темелно анализиран, а Чешка ќе даде свои коментари. Дури тогаш Комисијата ќе ни го испрати конечниот извештај. Силно го отфрлам нивниот став и ќе се борам да се промени. Чешка секако нема да мора да враќа некакви субвенции. Но постојат причини за тоа, бидејќи јас не нарушувам никакви чешки или европски правила за судир на интереси“, заклучи Бабиш.

Чешкото министерство за финансии потврдило дека ги примило извештајот од ЕК, но одбило да ги коментира заклучоците, бидејќи тие може да се променат откако Прага ќе одговори на тие тврдења.

Бабиш во одвоен случај е предмет на истрага и во Прага поради наводни злоупотреби на двата милиона евра европски субвенции пред десетина години. Изминатите 25 години тој го градеше Agrofert“, конгломерат од 250 компании кои во 2017 година им беа предадени на фонцации. Според наводите, „Agrofert“ добивал дењетина милиони евра годишно, повеќето за земјоделието. Овој конгломерат е сопственик и на неколку чешки весници и радиостаници.

Опозициската партија Пирати најавува дека ќе се здружи со другите опозициските партии и ќе бараат гласање недоверба на премиерот. Валдата на Бабиш ги вклучува неговата центристичко антиестаблишмент партија ANO и социјалдеморкатите, а ја поддржуваат и комунистите, што значи дека во моментов има доволна поддршка во парламентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.