ЕК зазеде принципиелна позиција за македонскиот јазик, вели Димитров

инистерот за надворешни работи, Никола Димитров, смета дека ЕК зеде принципиелна позиција во однос на прашањето на јазикот. Од анализите на МНР македонски јазик во документ на ЕК последен пат е спомнат во 2005 година, додаде тој на денешната прес-конференција на која беа заедно со министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на работната група за поддршка на преспанскиот регион, Едмонд Адеми.

Во врска со МКД и МК кодот, Димитров рече дека тоа е прашање кое е дел од балансот на Преспанскиот договор.

„Балансот на сите елемнти во Преспанскиот договор беше постигнат во долг процес на преговорање и конструкцијата на договорот е таква што менување на еден елемент значи оддалечување од тешко постигнатата рамнотежа. Согласно конечната спогодба сите елемeнти се задолжителни за двете страни и употребата на МКД или МК е задолжителна за сите употреби освен за табличките на автомобилите. Таа одредба не остава простор за поинакво толкување“, рече Димитров.

Шефот на дипломатијата и со оценка дека Преспанскиот договор во голем дел особено за крупните нешта се спроведува. Работите каде има застој бараат да се седне и да се разговара. Преспанскиот договор ги затвора сите прашања освен за трговските марки, интелектуалната сопственост и брендовите за кои остава тие да се решат со заеднички договорено решение.

Работата на комисиите на С. Македонија и Грција вклучително и околу преминот Маркова нога е одложена поради пандемијата, но се очекува да се забрзаат работите штом се нормализираат условите за работа.

Според анализите на нашата комисијата, целата работа за ставање во функција на овој премин може да се заврши за 1,5 година до две. Преминот Маркова нога, како и Преспа форум центарот ќе значи гоlемо заживување на овој регион, вели Димитров.