Екатерина Захариева е позитивна на ковид-19

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева е позитивна на коронавирусот, соопштија од прес-службата на бугарското МНР.

Оттаму додаваат дека таа е во добра општа состојба и дека работните обврски ќе ги извршува од својот дом.

За време на изолацијата, неа ќе ја замени заменик-министерот Петко Доиков, пренесе бугарскиот портал „Топновини“.