Екипа на АРМ ја отстрани токсичната материја од „Охис“

1315

Екипа на АРМ со потребна механизација и обучена, доцна попладнево безбедно ја отстранила токсичната материја метил акрилат мономер од дворот на фабриката „Охис“.

Инспектори од Министерството за животната средина велат дека нема простор за паника дека ќе има последици по животната средина.

И од Институтот за хемија тврдат дека метил акрилат мономер кој истекол, бил токсичен.

Инспектори на општина Кисела Вода, Град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Министерството за внатрешни работи вршеа увид во кругот на „Охис“ каде денеска се случило излевање на вода со која била чистена цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.