Екипата на „Алфа“ нападната кај Мавровка

Додека екипата на Алфа Телевизија снимаше снимки од хотелот Супер 8 од пред паркингот на стоковната куќа Илинден, во близина на споменикот на Скендербег две непознати лица, ја нападнаа заканувајќи им се по живот, јавува телевизијата.

Непознатите насилници наредиле да не се снима, по што влегле во вербален конфликт со снимателот, туркајќи го и навредувајќи го, тегнејќи му ја камерата за да ја одземат, по што тој бил принуден да им го даде блуреј дискот каде што беа снимките.

-Иако добија ветување од новинарката дека материјалот нема да биде прикажан, со закана по животот ги избркаа од паркингот. Дискот остана кај непознатите момчиња. Алфа телевизија го пријави инцидентот во полиција, објави телевизијата на својот сајт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.