Екипи на ЕВН го санираа дефектот во Центар

Не се работи за експлозија на трафостаница, туку за прекин на кабел при изведување градежни работи во Центар, информираат во средата попладнето од ЕВН.

„Поради изведување градежни работи двапати во текот на денот скинати се кабли од подземната инсталација на ЕВН. Екипите интервенирале и проблемот е саниран. Корисните се префрлени на други напојни точки и замениети се каблите“, информираше портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.