5.8 C
Skopje
недела, декември 1, 2024

Екипите на ЈП Водовод и канализација ги чистат шахтите, сливниците и дел од атмосферската канализација (ФОТО)

👉Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, од утрово се повторно на терен, со цел проверка и чистење на шахтите и сливниците, дел од атмосферската канализација, која во текот на вчерашниот ден имаше отежната функционалност, како резултат на големото и силно невреме кое го зафати скопскиот регион, ова утрово преку статус на Фејсбук го истакнаа од ЈП Водово и канализација.

Од таму додаваат дека со цел превенирање на такви и слични ситуации, како и овозможување на непрекината функционалност на атмосферската канализација, екипите на претпријатието, остануваат на терен, на целата територија на град Скопје.