Еклстон: Црнците се поголеми расисти, Ф-1 се оградува

99

Пораншениот челник на автомобилистичката формација Формула 1, Берни Еклстон, предизвика бројни полемики изјавувајќи во интервју за американската телевизија CNN дека „во многу случаи црнците се поголеми расисти од белците“.

Запрашан да го поткрепи ова тврдења дека „црните луѓе се поголеми расисти од белците“, Еклстон рече дека тоа е работа што ја забележал. Додаде и дека е глупаво остранувањето на споменици низ светот под притисок на движењето „Black Lives Matter“.

На сосема невообичаеното и неарагументирано прашање на CNN зошто и со што Формула 1 би требало да стори повеќе во борбата против расизмот, Еклстон одговори „Мислам дека претходно никој не се грижеше за тоа. Тие се премногу преокупирани со борбата за победи во трките или наоѓање спонзори или нешто слично“.

По изјавата на Екслстон, се огласи и водството на Формула 1, порачувајќи дека не се согласува со изјавите на поранешниот челник на федерацита за расизмот и еднаквоста.

„Во времето кога е потребно единство за да се бориме против расизмот и нееднаквоста, ние целосно не се согласуваме со изјавите на Еклстон на кои им нема место во Формула 1 или во општеството“, се наведува во реакцијата.

Формула 1 потенцира дека Екслстон ја напуштил организацијата во 2017 година и дека неговата титула почесен претседател истекла во јануари годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.