Еко акција за собирање на електронски и електричен отпад во Аеродром

отпад

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.eko-akcija-aerodrom1

Се повикуваат граѓаните на Општина Аеродром да ги пријават или донесат старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат, во сабота, 26.11.2016 година, во урбаната заедница СТАР АЕРОДРОМ ОД 10:00 до 12:00 часот.