Еко-активисти ја обвинуваат Германија за „валкана понуда“ за САД во врска со Северен тек 2

Германската влада наводно ѝ понудила на адинистрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп финаниска поддршка до милијарда евра за да го спречи Вашингтон да вовде санкции, што всушност беа воведени, за градење на гасоводот Северент тек 2, се тврди во документот кој во вторникот ог објави непрофитната организација Германска организаца за заштита на околината (DUH),

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц, според овој документ наводно понудил средства за увоз на американски течен природен гас (LNG) во лично писмо до својот тогашен американски колега Стив Мнучин. Писмото било датирано на 7-ми август 2020 година и содржело понуда во приложен „нон-пејпер“ се тврди во документот.

Саша Милер-Кренер, извршен директот на Германска организаца за заштита на околината (DUH) којашто го објави документот, ова го нараче „скандал“ и „валкана работа на сметка на трети страни“.

Според овој документ, германската влада нудела вложувања во LNG терминал во Вилјелмшевен и Брунсбутел на германскиот брег на Северното Море. За возврат од владата на САД се барало да дозволи „непречена изградба и работа на Северен тек 2“, гасоводот со кој преку Балтичкото Море за трипати ќе се зголемат испораките на природен гас од Русија во Германија.

Министерството за финансии на Геранија не ги коментирало веднаш овие информации, иако портпаролот за медиумите изјавил дека писмената изјава е во подготовка.

Довршувањето на неколкуте проценти од целосната изградба на гасоводот е при крај, и покрај американските санкции насочени кон гасоводот и упорните повици Германија да се откаже од проектот.

Конзорциумот од компании кои ги предводи руски „Газпром“, а во кој уште се австриската компанија OMV, фирмата ќерка на BASF – „Wintershall“, англиско-холандската компанија „Shell“, германската „Uniper“ и француската „Engie“ го финансира гасоводот „Северен тек 2“ кој минува низ руските, финските, шведските и германските територијални води, во вкупна должина од речиси 1.200 километри. Првиот истоимен гасовод започна со работа во 2011/2012 година.

Проектот го критикуваат САД и некои земји членки на ЕУ под изговор дека ќе ја зголеми европската енергетска зависност од Русија. Полска протестира бидејќи Северен тек 2, кој ја удвојува испораката на рускиот природен гас преку Балтичкото Море во Германија, ќе придонесе полските потрошувачи да му плаќаат поскап гас на германскиот оператори. Покрај тоа, Варшава оценува дека со гасоводот наводно се загрозува енергетската безбедност на Европа, и оти со него зајакнува доминацијата на „Газпром“ на пазарот.

Истовремено помалите балтички земји Литванија и Латвија, а во прв ред Полска и Украина се против Северен тек 2. Украина стравува дека ќе изгуби значителни приходи од транзитот на рускиот гас кон европските потрошувачи, зашто двата проекта Северен тек заедно со Турски тек ја заобиколуваат. Полска, пак, стравува дека на Германија сега ќе ѝ плаќа поскап гас, бидејќи според европската регулатива руската компанија производител не може и да го продава енергенсот, ниту да го гради гасоводот. Тие се поддржани од САД, кои сакаат да создадат услови за испорака на течниот гас во Европа на американските компании, но Берлин забележува дека тој начин на снабдување е далеку поскап.