Џеко му донесе победа на Интер, Спортинг подобар од Тотенхем

Фудбалерите на Интер го совладаа шампионот на Чешка Викторија од Плзењ со 0:2 во второто коло од групата „Ц“ од Лигата на шампионите.

Натпреварот го реши искусниот босански напаѓач Един Џеко со гол и асистенција.

Избраниците на Симоне Инзаги ги контролираа случувањата на теренот од стартот на натпреварот. Првата голема шанса гостите ја имаа во 17. минута преку дефанзивецот Франческо Ачерби, но неговиот удар со глава по корнерот одлично го одбрани голманот на Викторија, Џиндрих Станек.

Само три минути подоцна Станек беше немоќен пред Един Џеко. Хоакин Кореа го проигра својот напаѓач, а Џеко мајсторски шутираше во агокот за водство на Интер.

Гостите можеа да одат на полувреме и со поголемо водство, но шанси пропуштија Џеко и Мхитарјан во финишот на првото полувреме.

„Нероаѕурите“ продолжија со нападите на почетокот на вториот дел и имаа уште две многу добри прилики преку Госенс ​​и Шкринијар, но домаќинот некако успеваше да одолее.

Работите станаа уште потешки за Викторија во 61. минута кога Павел Буха доби црвен картон за остар старт врз Барел.

Интер поумешно ја искористи предноста на играчот и триумфот го потврди со голот на Дензел Дамфрис на асистенција на расположениот Џеко.

 

Во натпреварот од групата „Д“, Спортинг со гол во 90. минута го совлада Тотенхем со 1:0.

До крајот на првото полувреме немаше возбудувања. Најпрвин оправдано голот на Ричарлисон во 43. минута беше поништен поради офсајд, а во судиското надополнување на првото полувреме офанзивецот на Спортинг Маркус Едвардс брилијантно се проби по десната страна, шутираше од непосредна близина, а неговиот удар го одбрани одличниот Лорис.

Во вториот дел имаше уште помали возбудувања. Единствената вистинска шанса ја имаше Емерсон Ројал во 49. минута, но ударот од десниот бек на гостите заврши покрај голот.

Спортинг можеше да постигне гол во 89. минута, Педро Поро прекрасно шутираше од далечина, а неговиот удар одлично го одбрани Уго Лорис.

Сепак, за Спарси немаше спас само минута подоцна. По добро изведениот корнер, замената Паулињо беше најдобар во скокот и со глава ја упати топката во мрежата за ерупција на одушевување во Лисабон.

Спортинг во последната минута го дотолчи веќе поразениот противник. Уште еден резервен играч, Артург Гомеш, одлично помина по левата страна и ја потврди големата победа на „лавовите“.