Еко-организации: 16 електрани на Балканот загадуваат повеќе од 250 во ЕУ

Пет еколошки граѓански организации ја повикаа Европската унија да заземе построг став за загадувањето на воздухот од „старите, неефикасни и супстандардни“ електроцентрали на јаглен во Западен Балкан, велејќи оти тие влијаат врз здравјето на луѓето низ целиот континент.

Загадувањето на воздухот од овие индустриски капацитети е одговрно за околу 3.900 предвремени смртни случаи, 8.500 случаи на бронхитис на деца и за други хронични болести, велат граѓанските организации во извештај објавен денеска.

Според извештајот „Хронично загадување со јаглен“ изработен од страна на организациите Health and Environment Alliance (HEAL), Sandbag, Climate Action Network Europe, CEE Bankwatch Network, and Europe Beyond Coal, здравствените проблеми предизвикани од овие индустриски капацитети ја зголемуваат загубената продуктивност и здравствените трошоци.

Во 2016 година, 16 електрани од комунистичката ера на Западен Балкан, предизвикаат загадување со слулфур диоксид (SO2) колку цела флота од 250 фабрики на јаглен во ЕУ, наведе групата во соопштение за јавноста.

Една фабрика во Босна и Херцеговина, Угљевик“ емитирала повеќе сулфур диоксид (SO2) од сите фабрики на јаглен во Германија заедно, истакнува групата наведувајќи дека нивоата на цврстите честички и азотните оксиди емитирани од фабриките се „еднакво алармантни.“

Исто така тие наведуваат дека лигнитот кој е најзагадувачкиот јаглен, е широко распространет во Западен Балкан, обезбедувајќи евтин енергетски ресусрс во регионот.

Земјите од регионот се членки на Енергетската заедница, кои се обврзани да ги спроведат правилата на ЕУ за спречување на загадувањето до 2018 година, но инвестициите во нови електрани или технологија за намалување на емисиите во голема мера се одложени, се вели во извештајот.

Загадувањето на воздухот не познава граници и се уште е невидлив убиец во Европа, вели Влатка Марковиќ Пулиќ една од авторките на извештајот од организацијата HEAL. Крајно време е креаторите на политиките во ЕУ да ги засилат напорите за чистење на воздухот и за декарбонизација на енергетскиот сектор, вели таа.