Третата по големина економија во светот, Јапонија се намали за рекордни 28,1 процент во вториот квартал во однос на истиот период минатата година, објави тамошната Влада, со ревидирање на прелиминарната проценка дека активноста паднала за 27,8 проценти.
Економијата на Јапонија се намали повеќе отколку што првично се проценуваше во вториот квартал, со што креаторите на политиките се исправени пред предизвикот за спречување на подлабока рецесија.
Среде историската рецесија, јапонскиот премиер Шинзо Абе најави оставка кон крајот на август поради здравствени проблеми.
Новиот премиер, кој треба да биде избран во трката за водство на владејачката партија на 14 септември, се обидува да ја ограничи пандемијата, а во исто време избегнува ограничувања на деловната активност.
Регистрираниот рекорден пад приближно одговараше на просечната прогноза на пазарот за намалување на 28,6% во анкета на Ројтерс.