Економијата на работ на негатива

Економијата во првите три месеци од годинава е на работ на негативата. Бруто домашниот производ од јануари до март е на ниво од 0,2 отсто во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Информациите од извештајот велат дека во првото тромесечје забележан е раст во секторите: информации и комуникации и тоа од над 10 отсто. Дејностите пак кои се поврзани со недвижностите испорачале раст од 6,5 отсто. Во првиот квартал е забележан и раст на домашната потрошувачка од 2,7 отсто, но регистриран е пад на извозот од над седум отсто. Намалување има и кај увозната страна од близу пет отсто. Последната проекција на властите се дека економијата на крајот на годинава ќе се намали за 3,4 отсто. Пред кризата, од Илинденска предвидуваа раст на економијата за годинава од 3,8 отсто. Лани годината заврши со раст на БДП од 3,6 отсто.