Економијата тоне, а народот осиромашува заради неспособноста на СДСМ

Стопанството е пред колапс, а мерките се недоволни и задоцнети што дополнително ја носи економијата во амбис.
Угостителите се незадовиолни, земјоделците се оставени сами на себе, туристучките работници мака мачат да преживеат додека секој четврт работник во земјава зема намалена плата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од сопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Дополнително со новиот ребаланс владата јасно покажа дека владата воопшто не размислува за подобрување на економијата туку за грабеж и делење на тендери. Владата очајно доцни со мерките а со тоа дополнителни ја става македонската економија во уште поочајна и полоша состојба.

Мерките на владата во економијата се мизерни и никако не помагаат во справување со последиците од корона пандемијата која го тресе целиот свет. Неодговорноста на кадрите на СДСМ кои ги водат ресорните министерства со својата некомпетентност и менување на политиките секој ден го носи стопанството во безизлезна состојба.

Над 100.000 граѓани се отпуштени од работа или се на принуден одмор додека над 78 % од рабонците се погодени од кризата.

Со некадарните министри на СДСМ на чело сиромаштијата дополнително тропа на сечија врата и секое семејство во државава. Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија и оваа бројка дополнително ќе се зголемува поради неспосбноста СДСМ да се справи со кризата.

Сите реномирани финансиски институции проектираат очајни бројки за македонската економија. ММФ предвидува пад од 4 % на БДП додека Фајнанс Тинк истакна дека економската активност во државата во вториот квартал ќе падне многу поостро од било кој период од независноста на државата. Исто така стапката на невработеност според сите индиции ќе расте над 20 %.

Владата на СДСМ секој ден покажува дека нема визија и дека носи штетни политики за економијата што додатно влијае и врз намалување и на онака слабиот стандард на живеење на граѓаните.

СДСМ треба да си замине за земјата да тргне напред. СДСМ мора да си замине за економијата и граѓаните да не ја трпат оваа економска и политичка агонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.