Американската економија благо забавила во третиот квартал, покажаа првите проценки на Министерството за трговија во средата, што ги одразува слабеењето на инвестициите на компаниите во нови погони и наглото забавување на пазарот на станбени недвижности.
Бруто домашниот производ (БДП) на САД пораснал во периодот од јули до септември за 2,7 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Министерството. Во пролетниот квартал беше зголемен за 3 отсто.
На квартално ниво, активноста е зголемена за 0,7 отсто во пресметуваните три месеца заклучно со септември, како и во периодот од април до јуни.
Анаулизираната стапка, која покажува колку БДП-то би пораснало доколку растело со стабилно тримесечно темпо пред една година, во третиот квартал изнесува 2,8 отсто, пресмета Министерството. Во вториот квартал достигна 3 процента.
Бруто приватните домашни инвестиции се зголемени за 3,2 отсто во однос на истиот период лани, по растот од 5,6 отсто во претходниот квартал. Инвестициите на компаниите во нови погони се зголемени за 2,1 отсто, по 3,6 отсто раст во претходниот квартал.
Пазарот на станбени недвижности уште повеќе забавил, до стапка на раст од само 1,8 отсто, по скокот од 5,1 отсто во периодот април-јуни.
Според Министерството, растот на БДП-то првенствено се одразува на посилната лична потрошувачка, изразена во стапка на раст од 3 процента. Во претходниот квартал е зголемен за 2,7 отсто.
БДП-то е поддржано и од извозот, кој пораснал за 4,5 отсто, по 3,5 отсто раст во претходните три месеца.
Значително се зголемила и потрошувачката на сојузната влада, за 3,3 отсто на годишна основа, наспроти 2,2 отсто раст во претходниот квартал. Трошоците за војската се зголемени за 4,1 отсто, што е речиси двојно посилно отколку во вториот квартал, покажуваат пресметките на министерството.