Економијата постојано тоне, а пензионерите се заборавени

Економијата од ден во ден тоне, а пензионерите се на работ на заборавот од оваа влада, рече во четртокот координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во обраќањето на вестите на Канал 5.

Мицевски притоа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува континуирано со протестите коишто ги организира еден подолг временски период, се со една цел за реафирмирање на сите оние штетни политики коишто СДСМ и Владата ги прават за граѓаните на Република Македонија.

„Минаа речиси две години откако беа избрани за власт, за влада во Република Македонија игледаме дека сето она што беше ветено на македонските граѓани, ништо не се испорачува. Економијата од ден во ден тоне, градежништвото ни е на лоша основа, капиталните инвестиции во државата, здравството и ветувањата кои ги даваа, пензионерите се на работ на заборавот од оваа влада“, потенцираше Мицевски.

Во своето обраќање ги потенцирашње и барањата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се: оставка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, оставка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, изаоѓање мерки за решавање на аерозагадувањето, укинување на прогресивниот данок којшто се планира да се воведе за граѓаните, разрешување на скандалот со прислушкувањето на јавните обвинители

Мицевски уште еднаш повтори дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на собраниската седница на деветти јануари.