Економската клима во Германија значително влошена во септември

Расположението меѓу деловните челници во Германија во септември поизразено е влошено и е најлошото од пролетта во пандемиската 2020 година, покажа редовното месечно истражување на институтот Ifo.

Индексот на Ifo за деловната клима во септември потона за 4,3 поени во однос на август, на 84,3 поени, што е најниското ниво од мај 2020 година. Аналитичарите во просек очекувале поблаг пад, на околу 87 поен забележува агенцијата DPA.

„Германската економија се лизга во рецесија“, изјави во понеделникот претседателот на Ifo, Клеменс Фуест, коментирајќи ги резултатите од најновата месечна анкета спроведена меѓу првите луѓе на околу 9.000 компании.

Учесниците во истражувањето ја оценуваат како полоша и својата моментална ситуација и идните економски движења. Испитаниците во сите сектори вклучени во истражувањето – индустријата, услугите, малопродажбата и градежништвото – оцените дека изгледите во септември се полоши отколку во август.

Германското стопанство е погодено од многу фактори, од војната во Украина, енергетската криза, проблемите во глобалното тргување и зголемувањето на каматните стапки, што ги прави поскапи кредитите и инвестициите.

Пандемијата останува и натаму останува важен фактор, напомнуваат од институтот Ifo. Кинеската политика на „нулта толеранција“ на коронавирусот и натаму ја оптоварува глобалната трговија, бидејќи строгите мерки за сузбивање на Covid-19 ги пореметуваат функционирањето на пристаништата и во фабриките.

„Поради континуираните високи потрошувачки цени на гасот, несигурното снабдување, геополитичките ризици и растечките каматни стапки, нема сигнали дека атмосферата во германската економија во скоро време ќе биде подобрена“, вло Ралф Умлауф, виш економист во банката на сојузните покраини Хесен-Тирингија.

Индексот на деловната клима за економски истражувања чие седиште е во Минхен, е најважниот показател на идните трендови во најголемата економија во Европа, потсетува агенцијата DPA.