Економскиот тим на Владата врши анализи за можно проширување на листата на производи со ограничена маржа

Владата ќе ја прошири листата на производи со ограничена маржа откако нејзиниот економски тим ќе ги заврши потребните анализи на пазарот, рече денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа во одговор на новинарско прашање.

Вчера беше објавено дека  Владата на седница ги замрзна маржите на основните прехранбени производи до 31 декември, а според Хоџа тоа е поради потребата да се ограничи растот на цените на мало и на големо. Со новата мерка, се очекува цените да растат во согласност со растот на увозните и берзантските цени, но и со прозиводствените трошоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.