Екс Ју: Кој со кого би сакал в кревет?

Дали за Белграѓанките и понатаму фатални се далматинските „галеби“, дали за Босанците се уште број 1 се Словенките,  Загрепчанките паѓаат на шармантните мангупи од Белград и дали е точно дела жените од Војводина сакаат Црногорци?

Одговори на овие и слични прашања добивме на регионалната панел конференција ПроФемина. На конференцијата се собрале 250 учесници и новинари од сите држави од регионот кои одговарале на разни теми, а ена од најинтересните била посветена на прашања за привлечноста меѓу жение и мажител од народите од некогашната заедничка држава.

По тој повод спорведена е и анкета која покажала дека за Белграѓанките најпривлечни се Црногорците. Дури 33 отсто од жителите на главниот град на Србија изјавиле дека мажите од Црна Гора им се неодоливи.

За жените од Загреб најпривлечни се Далматинците. Босанките ги сакаат Херцегорците, а дамите од Македонија и понатаму „паѓаат“ на Белграѓани. Дури 67 отсто од македонските претставнички се изјасниле дека не можат да одолеат на момче од српската престолнина.

„Мислам дека не е важно од каде е некој. Мој тип, на пример, е маж кој има здрави ставови и владее со ситуацијата. Мозокот на старата Југославија е болен. Мој пријател од Кипар води љубов со 80 години, а нашите луѓе со 30 и 40 години веќе се ’пензионери’. Духот е мртов во нашиот народ“, вели поранешната мис, а сега писател, Хелена Михиќ.

Марина Крлежа од Загреб, исто така писател, се сложува со неа.

„Сето тоа е индивидуално. Паметните жени не паѓаат на стереотипи. Јас не ги гледам фраерите по регионална припадност, но белграѓаните ме воодушевија кога дојдов овде. Екавскиот рефлекс на изговорот на јат е толку сексипилен. Далматинците се привлечни господа, на помладите им се симпатични белграѓаните и Црногорците.“

Освен на ова прашање, дамите одговарале и на прашањето „што би одбрале: фантастичен чифт чевли или секс со маж“, што на учесниците на конференцијата им го поставила писателката од Хрватска, Ведрана Рудан.

Верувале или не, мнозинството гласало за добар чифт чевли.

Само Македонката Хелена Роза одбрала секс наместо чевли бидејќи како што се изјаснила чевлите не можат да ви направат деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.