Екс претседателот на Барса ставен во притвор

Жозеп Марија Бартомеу (Photo by Josep LAGO / AFP)

До неодамнешниот претседател на спортскиот клуб Барслона, Жозеп Марија Бартомеу и шефот на неговиот кабинет Хаиме Месферер, се уапсени во понеделникот пос соменвањето дека му нанеле финансиска штета на клубот при договорањато спогодба со една компанија, и ноќта ќе ја мине во притвор во полициска станица, соопшти за медиумите нивната адвокатка.

„Двајцата го искористија свое право да не одговараат на прашањана полицијата. Утре околу 9 часот ќе бидат изведени пред судија“, изјави по понеделникот доцна вечерта адвокатката Олга Тубау која ја цитира елетронското издание на каталонскиот дневен весник La Vanguardia.

Бартомеу и Масферер, кои ги напуштија клупските функции во октомври, биле приведени додека се наоѓале во своите домови.Од канцелариите на Барселона под стадионот „Камп Ноу“ одведени се и генералниот директор Оскар Грау, како и шефот на правната служба Роман Гомез Понти. Откако квечерината се доведени на испитување во полициска станица пуштени се дома.

Каталонската полиција околу 11 часот утрото влегла во клупските простории прегледувајќи ги документите, а во 17 часот сѐ уште се наоѓала во нив, по што било забранет влезот за вработените. На вработените не им било дозволено ниту „онлајн“ работење од дома за да на ја пореметат истрагата.

„Продолжително во утринското влегување на каталонската полиција во просториите на стадионот Камп Ноу, согласно со судскиот налог, а поврзано за договарање на услугите за надгледување на социјалните мрежи, Барселона целосно им понуди соработка на судските власти и на полицијата за да се разреши предметот на оваа истрага“, наведе Барселона во соопштението.

„Полицијата побара информации и документи исклучително врзани за овој случај. Барселона максимално изразува пресумпција невиноста на лицата на коишто влијае истрагата“, се додава.

Приведените функционери се осомнитени за можна финансиска штета нанесена на клубот при потпишувањето на договорот со компанијата „ I3Venture“, чие седиште е во Барселона, исто така, го претресувала полицијата во понеделникот. Освесн за преплатување на услугата од оваа компанија, се сомничат и за примање пари од неа, како благодарност за потпишување на договорот. Аферата беше наречена „Барсагејт“.

Барселона кон крајот на 2017 година ја ангажирала компанијата „I3Venturа“ за да ги следи содржината на социјалните мрежи, односно што се пишува и објавува за Барселона, и истовремено го разубавувала клупскиот имиџ. Поранешниот потпретседател на клубот Емилио Русанд во април минатата година изјави за каталонското радиот RAC 1 дека е „платен милион евра за нешто што чини 100.000 евра“.

Русанд додаде дека тој бил во комисијата надлежна за сметката на компнијата и дека тие биле разделени „за да се избегнат интерни контроли“. Посебна интерна контрола опфаќала сметки над 200.000 евра. Износот од милиони евра платен на „I3Venturе“ наводно е поделен на пет делови од по 200.000 евра. Парите завршиле на сметки на уште пет компании поврзани со оснивачот „I3Venturе“, Карлос Ибањез, извести радиото Cadena SER.

Полицијата истражува дали некој од четворицата приведени функционери примил пари за склучување на договорот со тој претприемачот и дали услугата е платена на неговата компанија била претплатена.

„Тоа околу социјалните мрежи е валкана работа. Верувам дека некој земал пари, иако не верувам дека тоа бил некој од управата,. Отворена е истрага која ќе каже што се случило. Бартомеу знае што се случувало“, изјави во април Русанд откако претходно Бартомеу го тргна од поптретседателската функција. Русанд, кој потоа заедно со уште пет членови истапија од клупската управа, се сомнева во Масферер шефот на кабинетот на Бартомеу.

Барселена најави подигнување судска тужба против Русанд поради неговите изјави и порача дека интерната ревизија ја спроведува ревизорската куќа PWC. Според извештајот на PWC немало неправилности во работењето на „I3Venturа“, ниту дека Барселона ги претплатила услугите на оваа компанија.

Пред една година медиумите известија дека компанијата „I3Venture“ преку социјалните мрежи креирала вештачки профили преку кои пишувала негативни коментари за противниците на претедателот Жозеп Марија Бартомеу, вклучително и кандидатот на претседателските избори Виктор Фонт, но и капитенот Лионел Меси кој отегнуваше со продолжување на договорот. Бартомеу ги отфрли таквите наводи како неточни, и најави останување на чело на клубот до истекот на мандатот во летото 2021 година.

Меѓутоа, Барселона влезе во резултатска криза, што кулминираше ланскиот август со поразот од 2:8 од Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите, па Бартомеу отстапи од функцијата во октомври 2020 година. Изборите за новиот претседател требаше да се одржат кон крајот на јануари, но пандемијата на коронавирусот ги одложи за 7-ми март. На нив ќе се тркаат Виктор Фонт, Жоан Лапорта и Антони Фраикса.

Лапорта, која веќе беше претседател од 2003 до 2010 година, изјави дека „ова не е пријатна ситуацијата за никого“. „Ова не е добра вест за Барселона“, истакна. Фонт, пак, напомена дека овој случај „многу му штети на меѓународното реноме на клубот“.