Екс советник на Обама: Имам најголема почит за македонскиот народ

Генералот Џејмс Џонс, кој е поранешен советник на американскиот претседател Барак Обама, на 11. Октомври упати писмо до министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски.

Во писмото тој вели дека има најгоема почит за народот во Македонија и додава дека секогаш ќе го помни времето поминато со нив во тешки времиња.

Генералот Џонс во својата кариера служел и во Европската команда на силите на САД, а во периодот од 1999 до 2003 година бил и командант на Маринскиот Корпус.

По пензионирањето од активна служба, генералот Џонс останува активно вклучен во националната безбедност и надворешната политика.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.