Екс советник на Заев и актуелен директор напаѓа гласач (ВИДЕО)

Инцидент е снимен во населбата Кисела Вода, пред истекот на гласањето на седмите локални избори во Македонија.

Имено, Филип Андов Сокол, актуелен директор на затворот „Шутка“ и поранешен советник на премиерот Зоран Заев, снимен е во обид физички да се пресмета со маж кој е во автомобил.

Според неофицијални информации, на избирачкото место во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода, снемало струја, а заинтересирани граѓани кои се упатиле кон училиштето да видат што се случува биле нападнати од директорот на затворот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.