Екс заробеник на ИД открива што ги плаши џихадистите

САД: Исламска држава ја губи битката
САД: Исламска држава ја губи битката

Поранешен заложник на Исламска држава вели дека џихадистите повеќе се плашат од заедништвото на Западот отколку од бомбите.

Имено, францускиот новинар Николас Хенин последните денови е вознемирен поради случувањата во Париз, но не е шокиран, пишува хрватски Експрес.

„Доволно ја познавам Исламската држава. Таму поминав 10 месеци како заробеник на џихадистите и добро знам дека нашата болка не ги допира. Нивниот свет е потполно оддалечен од тоа“, тврди поранешниот заробеник.

За време за заробеништвото, Николас запознал десетина џихадисти и признава дека со некои сеуште е во контакт преку социјалните мрежи.

„Се што мислите за нив е резултат на маркетинг и ПР. Тие се претставуваат како јунаци, но зад камерите се поинакви: како деца од улица се опиени со идеологија и моќ. Тие не се глупави туку зли“, тврди Николас.

Инаку додека бил заробен бил психички малтретиран, а цимерите од неговата келија се убиени.